Граните на Охрид очекуваат изборите да поминат во фер и демократска атмосфера, а од идниот претседател да се залага за решавање на проблемите кои ги мачат граѓаните.

-Очекувам да биде подобро. Да има вработување за младите, затоа што има луѓе со по 40 – 50 години кои се уште се без работа.- ни изјави повозрасна охриѓанка.

-Мирно да биде и во најдобар ред да поминат изборите, му честитам на тој што ќе победи.-истакна жителка на Охрид.

-Ум во главатата на сите и повеќе слога и разбирање да имаме.-рече пензионерка која ја затекнавме на избирачо место.

Граѓаните на Струга од идниот претседател на државата очекуваат одговорно да ја извршува функцијат и да ги штити националните инетереси.

-Очекувам идниот претседател да има цврст став за името и да не дозволи да биде загрозен националниот идентитет.-рече повозрасен жител на Струга.

-Да се реши спорот за името со Грција, сметам дека тоа во овој момент е најважно за земјата.-истакна помлад стружанец.

-Од идниот претседател очекуваме пред се одговорно да ја извршува функцијата и да има демократија во земјата-истакна жителка на Струга.

OhridNews