На два дена од почетокот на Европското првенство во Данска полека расте еуфоријата во Охрид и се „шушка“ за распоредот, кој како ќе игра, кој како ќе се снајде во редовите на македонската селекција.

Наптреварите од Европското првенство во Данска ќе поминат будно низ призмата на Гоце Толески, кој своевремено беше дел од македонската фудбалска селекција.
– Голема чест и задоволство е да се бранат боите на Македонија, а задача на спортистот е да даде се од себе за подобро преставување на земјата. Од репрезентативците очекувам борба да последен здив имаме екипа за високи дострели. Во селекцијата го имаме Лазаров и уште неколку екстра квалитетни ракометари затоа верувам во чуда – посочи Толески.

– Македонскиот народ го сплотува само спортот. Така ќе биде и сега, сите ќе дишеме заедно со ракометарите и нетрпеливо ќе ги чекаме нивните натпревари. Групата воопшто не е лесна и ќе треба да се добие минимум една селекција за пласман во понатамошната фаза. Голем хендикеп е повредата на Мојсовски, кој сезонава беше во врна форма, но со борбена игра во трите натпревари а и потоа нема да се осети неговото отсуство – потенцираше Весна Балазоска, кошаркаската икона во Охрид.

– Противниците се доста тешки, но сите ние веруваме во нашите избраници дека ќе го дадат максимумот и ќе не израдуваат уште еднаш како што го направија тоа пред две години во Србија – порачуваат од клубот.
Македонската ракометна репрезентација првиот натпревар на ЕП го игра против домаќинот Данска, потоа следува мечот со Чешка па со Австрија.
Михаил Постоловски










