Извештајот од инспекцијата на заштитеното културно и природно наследство во Охрид, што неодамна ја изврши комисија на УНЕСКО е изготвен и доставен до надлежните институции во Македонија, но тој се крие од јавноста тврдат охридските социјалдемократи.
-Каде е извештајот од УНЕСКО? Извештајот е добиен. Дали некој даде изјава или кажа што пишува во него, зошто се крие, па нели се работи за национално културно наследство?-запраша Томислав Тунтев, претседател на ОО СДСМ Охрид.
Тој рече дека тоа што се гради на Плаошник претставува уништување на едно духовно светлиште исклучително важно и за христијаните и за муслиманите.
-Таму се градат бетонски чудовишта кои се поголеми од црквата, иако власта не уверуваше дека тоа нема да биде така, додаде Тунтев.
Тој најави дека ова прашање охридските социјалдемократи ќе го актуелизираат во наредниот период.
OhridNews