На вашата кожа ѝ е потребна грижа и хидратација. Ако вие сте една од оние личности кои немаат навика да се мачкаат со кремови и лосиони, тогаш имате вистински проблем. Еве што се случува ако не ја хидратизирате кожата доволно:

1. По неколку дена
Нема да забележите драстични промени на кожата. Но, ќе забележите дека таа станала сува, затегната и во пепеласта нијанса затоа што почнува да губи вода. Лосионите и кремите не додаваат само влажност на кожата, туку ја задржуваат и веќе постоечката вода во кожата и ја заштитуваат од губење на истата.

2. По еден месец
Ќе започнете да забележувате одредени видови штета. На површината од кожата ѝ недостасува толку вода што веќе не може да ја врши својата примарна заштитна функција од надворешните влијанија. На кожата може да се забележат некои воспалителни процеси како црвенило и подуеност.

3. По една година
Година дена без одговорна хидратизација на кожата ја намалува нејзината еластичност, па започнуваат да се појавуваат привремени брчки. Кожата станува опуштена, уморна и исклучително иритирана. Поголемиот дел од тие штети не може да се поправат по природен пат, туку единствено преку филери и инекции.

Затоа, не ризикувајте да ви се случи вакво нешто. Хидратизирајте ја кожата однадвор – преку кремови и лосиони, а одвнатре преку пиење на минимум 8 чаши вода дневно.

OhridNews
Извор:CrnoBelo