Охридскиот женски фудбалски клуб и актуелен првак Билјанини Извори го допре дното и убедливо е последен во шампионатот. Тимот, кој ја преставуваше Македонија во Европскиот фудбал е пред колапс, а последните случувања со клубот не ветуваат светла иднина.

Охриѓанки на последниот натпревар против Тиверија Истатов отпатувале со девет фудбалерки, а по „повреда“ на три од нив останале со шест и мечот автоматски бил прекинат.
Прекинот се случил во 55-та минута, а во тој момент бранителот на трофејот губел со неверојатни 15-0 и благодарение на прекинот охриѓанки избегнале катострафа.
При ваков прекин пропозициите на Фудбалската федерација на Македонија говорат дека резултатот се регистрира со 3-0, а судбината е тажна за женскиот фудбал во Охрид.
Мх.П.











