Португалскиот стратег Жозе Мурињо го одржа првиот тренинг и ја започна авантурата во Тотенхем. „Специјалниот“, како што го нарекуваат британските медиуми на клупата од лондонскиот премиерлигаш го наследи Маурицио Покетино кој доби отказ.

Тотенхем ќе биде трет премиерлигашки предизвик за Мурињо. Португалецот претходно ги предводеше Манчестер Јунајтед и Челси во два наврати.

Многу сум среќен и се радувам на предизвикот. Што можам да ветам? Можам да ветам многу страст и среќа. Страст за работата која ја работам но и за клубот кој пружи шанса. Секогаш се трудам и ќе продолжам така за доброто на клубот и за навивачите кои сакам да ги направам среќни. – изјави Мурињо.

Контроверзниот менаџер на клупата од Тотенхем ќе дебитира против Вест Хем во лондонското дерби. Мечот се игра в сабота со почеток во 13:30 часот.

OhridNews