Од утрово вработените во ЈП Нискоградба стапија во штрајк незадоволни што не им е исплатена платата за месец август.


Како што објаснуваат од штрајкувачкиот одбор, претходно било испратено и предупредувачко писмо до директорот на претпријатието Владо Цветкоски, во кое било наведено барањето- заостанатата плата да се исплати најдоцна пред почетокот на викендот.

-Заклучно со 14-ти октомври на вработените требаше да им бидат исплатени платите за месец август, откако претходно на 7-ми октомври беа уплатени придонесите. Согласно тоа ние денеска го активиравме штрајкот кој во септември беше ставен во мирување, бидејќи добивме ветување од раководството дека ќе ни бидат исплатени заостанатите лични примања, што не се случи.-изјавија од Синдикатот на работниците во ЈП „Нискоградба.


Како што коментираат вработените проблемите околу исплатата на платите траат уште од  формирањето на јавното претпријатие.


Јавното претпријатие „Нискоградба“ кое се формира од МЈП „Проаква“ има 128 вработени. Тие најавија дека ќе го продолжат штрајкот се додека не им бидат исплатени платите.

OhridNews