Одложен е стартот на новата фудбалска сезона во Шпанија поради штрајкот на фудбалерите во Првата и Втората лига.


Преговарачките страни, Синдикатот на фудбалерите од една и преставниците на Лигата денес би требало повторно да седнат на преговарачката маса, но според шпанските медиуми тие се далеку од постигнување на договор, што значи дека летната пауза може да потрае и подолго.

 


Преку 50 милиони евра е долгот на клубовите кон фудбалерите кои покрај тоа тие бараат да бидат заштитени, односно да им биде гарантирана исплата на нивните приходи во случај клубот да замине во стечај.

Ohridnews