По неколкучасовни преговори со ресорните министерства, СОНК го прекина штрајкот, така што од денеска сите установи кои што штрајкуваа, вкучувајќи ги и градинките и училиштата продолжуваат со редовна работата.

Вчера беше постигната согласност  за барањата на Синдикатот за образование, наука и култура.

Министерот за образование Перо Стојановски и лидерот на СОНК Дојчин Цветановски ги потпишаа колективните договори за основното и средното образование. Освен во делот за зголемување на платите, тие стапуваат на сила веднаш. Платите  ќе се покачат од 1 јануари 2010 година.

Вработените на определено време од март следната година ќе бидат пријавени со статус на неопределено. Од јуни 2009 година. просветарите ќе добиваат и по 3.200 денари за хранарина која ќе им биде пресметана во платите.

Штрајкот во образованието, науката и културата траеше осум дена.

Ohridnews