Комесарот за натпревари при ФФМ, Миле Спиркоски разгледувајќи ги записниците од вчерашното 14. коло во врска со неодиграните натпревари ги донесе следните одлуки:

1. Неодиграниот натпревар од 14 коло на Првата лига помеѓу Ф.К. “Металург” – Скопје и Ф.К. “Хоризонт – Турново” – Турново се регистрира со службен резултат 3 : 0.

2. Неодиграниот натпревар од 14 коло на Првата лига помеѓу Ф.К. “Слога Југомагнат” – Скопје и Ф.К. “Силекс” – Кратово се регистрира со службен резултат 0 : 3.

3. Неодиграниот натпревар од 14 коло на Првата лига помеѓу Ф.К. “Вардар” – Скопје и Ф.К. “Македонија Ѓорче Петров” – Скопје се регистрира со службен резултат 3 : 0.

За натпреварот Милано – Пелистер се прибираат изјави од битолскиот клуб и службените лица и одлуката ќе биде донесена дополнително.

ohridnews