Македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје со триумф над Партизан на домашен терен 92-89 (26-25, 16-23, 21-19, 29-22) ја започна новата сезона во Јадранска кошаркарска АБА лига.
„Штрковите“ и „црно белите“ одиграа добар, ефикасен и до крај возбудлив натпревар. Победникот се одлучуваше во последните десет минути, откако после триесет резултатот на семафорот беше 67-63 во корист на гостите.
Скопските кошаркарки носени од публиката смогнаа сили направија комплетен пресврт и го прелетаа најуспешниот колектив во јадранското друштво.
Во победничкиот состав во листата на стрелци се издвоија Дамјан Стојановски со 25 поени и Бојан Трајковски со 20 поени и 13 скокови. Кај гостите 16 поени реализираше Величковиќ, а 12 уфрли Вилијамс.
МЗТ Скопје во втората рунда гостува кај тимот на ФМП.
OhridNews