Актуелниот македонски кошаркарски првак и куп освојувач МЗТ Скопје во Охрид ќе се подготвува за овогодинешните предизивици во домашниот шампионат и Јадранската АБА лига.


– „Освојувањето на двојната круна на домашна сцена е приоритет за МЗТ во периодот што претстои. Во Јадранската лига, пак, влегуваме со ладни глави и реални очекувања во однос на можностите со кои располагаме. Задоволни сме што успеавме да создадеме тим чиј костур е создаден од македонски репрезентативци – рече спортскиот директор на „металците“, Ѓорѓе Војновиќ на денешната пресконференција.

“Штрковите“ во Охрид ќе “долетаат“ на 9 август и ќе останат во наредните 10 дена.