Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, веќе десет недели за наоѓа во вештачки индуцирана кома, на Универзитетската клиника во Гренобл. Стручњаците од областа на неврохирургијата сметаат дека се мали шансите Германецот целосно да се рехабилитира, но неговото семејство не ја губи надежта.

Таа, на новинарите, им потврдила дека сеуште трае процесот на будење на легендарниот Формула 1 возач.
„Прифативме дека будењето може да потрае“, рекла Кем, која одбила да ги коментира пишувањата во германските медиуми, дека здравствената состојба на Шумахер се подобрува, „Тоа е лична работа на семејството“, истакнала Кем.
Михаел Шумахер, на 29.декември минатата година, на при пад за време на скијање, се здоби со тешки повреди на главата. Неговата состојба во изминатите десет недели, се оценува како стабилна но критична.
„Макфакс“











