Шесткратниот светски првак Михаел Шумахер беше најбрз на квалификациите за Големата награда на Монако, но ќе стартува од шестата позиција, поради казната од пет позиции по инцидентот на минатата трка со Бруно Сена.

Германецот, до својата 69. пол позиција стигна пред Марк Вебер и Нико Розберг. По казната на Шумахер од вториот ред ќе тргнат Луис Хамилтон и Ромен Грожан од Лотус.

Друштво на Шумахер во третиот ред ќе му прави Фернандо Алонсо.

Трката за ГН на Монако, почнува утре од 14 часот низ улиците на Монте Карло.

Ohridnews