Шумите и зелениот појас на охридското крајбрежје да се заштитат
26.03.12 00:04
Шумите и зелениот појас на охридското крајбрежје не треба да се експлоатираат, туку соодветно да се заштитат, сметаат граѓаните. На ова укажуваат и резултатите од анкетата што за свои потреби ја спроведе OhridNews изминатите две седмици. Големо мнозинство или 70 отсто од читателите вклучени во анкетата сметаат дека шумите и зелениот појас на охридското крајбрежје треба да се заштити, 22 отсто се на мислење дека тие треба да се стават во функција на одржлив развој, а 8 проценти сметаат дека тие треба да се експлоатираат.
Експертите укажуваат дека е неопходно да се сочуваат шумските зелени површини за да има и поголем прилив на вода во Охридското Езеро, посочувајќи го влијанието кое тие го имаат на подземните води. Со тоа, според нив, ќе се придонесе кон поголемо мешање и промена на водата, која ќе биде еколошки почиста, со што ќе се подобрат условите за развој на флората и фауната. Експертите нагласуваат дека природната и здрава шумска почва има значително повеќе воздушни пори кои се наоѓаат во поголеми длабочини во самата почва, каде се формираат долги канали во кои се собира вода која понатаму истекува во подземните патишта и се влева во Охридското Езеро. Колку почвата во својот шумски појас е поровита може да прими и акумулира поголема количина вода, а притоа нејзиното истекување е побавно, односно трае подолг период од годината и истата еколошки е најчиста, посочуваат експертите.
Продолжува чествувањето на 11 Октомври-Денот на народното востание во Охрид Во рамки на програмата подготвена од Општина Охрид вечерва од 20 часот во Културен центар „Култ“ – Охрид ќе биде отворена...
По повод 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, еден од најзначајните датуми во македонската историја и државност, НУ Библиотека „Григор Прличев” – Охрид...
На 09102026 во 10:10 часот во СВР Скопје 48-годишно лице од Охрид пријави дека на подрачјето на Центар бил физички нападнат од друго лице, информираат од МВР Додаваат дека се преземаат мерки за рас...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.