СВР Охрид поднесе кривична пријава против тројца шумски полицајци од Шумската полициска станица-Охрид, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

На 10-ти август 2014 година, во Охрид во населбата „Видобишта“ пријавените сопреле патничко возило-џип „мицибуши пајеро“ без регистерски таблички управувано од лице од охридското село Велгошти, кое било натоварено со 1,5 кубни метри огревни дрва, без жиг. По ова, пријавените на лицето му предложиле да замине од местото на настанот со алатите за сеча на дрва, додека во записникот и потврдата за привремено одземени предмети внеле невистинити податоци дека возилото и дрвната маса се од непознат сторител.

Потоа, возилото формално со записник и со потврда го предале во ЈП „Македонски шуми“ Охрид и поднеле кривична пријава против непознат сторител. 

На 12-ти август 2014 година, пријавените го подигнале возилото од стовариштето на Јавното претпријатие и го сместиле во гаражата на еден од пријавените и го користеле за приватни потреби. Откако лицето од село Велгошти дознало дека возилото се наоѓа кај еден од шумските полицајци настанот го пријавил во полиција.

OhridNews