Од воздух и копно противпожарните сили на Грција го гаснат пожарот што рано утрово избувна во шумски предел на Света Гора, во поширокото подрачје на еден од манастирите, јави дописничката на МИА од Атина.
Заменик-управителот на Света Гора, Аристос Касмироглу за грчката телевизија Скај рече дека пожарот е во непрооден дел во близина на манастирот, но станува збор за шумски предел и манастирот не е во опасност. Паралелно изрази надеж дека огнените јазици брзо ќе бидат ставени под контрола.
Во гаснењето учествуваат четири авиони и еден хеликоптер, како и 11 возила со 43 пожарникари и три пешадиски тима.
Сериозни нерегуларности при користењето на државните субвенции открија контролите на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) при теренската посета во Охридск...
На 12112026 во 00:05 часот во СВР Охрид е пријавено дека во казино на ул„Абас Емин“ во Охрид, 34-годишно лице од струшкото село Долна Белица физички нападнал вработен како обезбедување во објектот,...
Поради продолжување со активностите околу санацијата на големиот дефект на водоводната мрежа кој настана вчера (пукната е цевка со профил ф500 мм) и денес од 11:00 часот неколку часа без вода ќе би...