Два шумски пожари беснеат на грчкиот остров Закинтос, во областите Макерадо и Колиоменос, но засега не се загрозени најблиските села, соопштија локалните власти.

Пожарите ги гаснат десет возила, со помош на авиони и хеликоптери, пренесе новинската агенција „АНА“.

Локалните власти вчера наведоа дека пожарите дополнително ги шири силниот ветер.

Разорни пожари неодамна го погодија источниот дел на Атика, каде бројот на настрадани во пожарите порасна на 93 лица.