Во последниот натпревар од групната фаза на мундијалот во Шпанија, македонската ракометна репрезентација ќе се сретне со Данска. Освојувачот на Европското првенство во Србија, Данска на едно коло пред крајот го осигура првото место во групата додека Македонија ќе мора да атакува на победа за да го избегне бранителот трофејот Франција во нокаут фазата.


Данскиот состав во четири мечеви во групата постигна 151 гол или во просек по 37 погодоци по натпревар. Затоа целиот акцент селекција на Македонија ќе го стави во одбраната.

– Обраната ќе одигра клучна улога во мечот со Данска. Тие се разиграни и формата сеуште им оди во нагорна линија.  Затоа ние ако сакаме да извлечеме поволен резултат ќе мора да одиграме максимално во одбраната и да ги задрржиме на 25-26 голови. Нема да имаме тактика за еден ракометар туку ќе настојуваме да го запреме нивниот разигран напад – потенцираше селекторот Ѕвонко Шундовски.


Селекторот на Данска најави дека ќе нема попуст за Македонија и на дуелот в петок во 20:15 часот ќе одат на победа.

– Не очекувам да калкулираат и да истрчаат со нешто послаб состав. Но и ако тоа го одлучат сепак ние сами си одлучуваме за нашата судбина. Ќе мора брзо да се трансформираме од нападот во одбрана зада не им озвоможиме брзи и лесни голови – заврши Шундовски.

Мх.П.