– Им ја честитам победата на Германија, но вчерашното 13 часовно патешествие остави трага врз нашата игра. Мечот го почнавме со голем грч, што германците умешно го искористија и направија разлика која во целиот натпревар ја контролираа. Имавме прилики да им се доближиме резултатски, но многуте грешки во нападот се недопустливи кога се игра со селекција од рангот на Германија – потенцираше селекторот на Македонија, Ѕвонко Шундовски.
Целта пред почетокот на Светското првенство во Шпанија на селекторот Шундовски беше пласман помеѓу 16-те најдобри. Македонија тоа го оствари, но оваа генерација која пред една година на Европското првенство во Србија заврши на петтото место ветуваше повеќе.
– Зацртаната цел ја остваривме се пласиравме во вториот круг. Голема штета што не можевме подобро да се подготвиме за дуелот со Германија поради преселувањето од град во град – заврши селекторот Шундовски.