Ракометарот Митко Стоилов и голманот Златко Даскаловски се последните двајца ракометари кои отпаднаа за списокот патници на мундијалот во Шпанија. Селекторот на репрезентацијата Ѕвонко Шундовски ги објави 18-те македонски лавови кои ќе ги бранат боите на националниот дрес на светскиот собир. Двајца од нив ќе бидат “џокери“ кои ќе добијат шанса во репрезентација во евентуална повреда на некој од ракометарите.


Во селекцијата преовладуваат ракометарите на Металург ги има десет, од Вардар ПРО доаѓат четворица додека по еден репрезентативец има од Атлетико Мадрид, Гумерзбах, Констанца и Башараж.

Составот на Македонија кој ќе патува во Шпанија : Никола Митревски, Дејан Манасков, Александар Јоноски, Филип Миркуловски, Велко Марковски, Златко Мојсоски, Наумче Мојсовски, Ванчо Димовски, Гоце Георгиевски, Милан Левов (МЕТАЛУРГ), Стојанче Стоилов, Никола Марковски, Филип Лазаров, Гоце Ојлески (ВАРДАР), Кирил Лазаров (АТЛЕТИКО), Бранислав Ангеловски (КОНСТАНЦА), Владимир Темелков (БАШАРАЖ), Борко Ристовски (ГУМЕРЗБАХ).

Македонија првиот натпревар на СП го игра на 12 јануар против селекцијата на Чиле со почеток во 15:45 часот.

Мх.П.