Четири денови и преостануваат на македонската фаланга да се припреми за настапот на мундијалот во Шпанија. Селекторот на ракометната репрезентација Ѕвонко Шундовски истакна дека е задоволен како оди формата на ракометарите.

– После двата контролни натпревари со Србија и Египет сликата е подобра од старот на подготовките. Полека влегуваме во посакунавата форма, а врвот треба да го достигнеме на првите натпревари од групата – посочи Шундовски.

Македонија првиот натпревар го игра против Чиле на 12 јануар, а ден подоцна ќе се сретнат со Катар што наложува силно темпо. За македонските “лавови“ ова не е ништо ново бидејќи на последниот континтален собир во Србија, ракометарите играа во ваков систем.

– Распоредот на натпревари не ни овозможува да мислиме на другите селекции освен на нашата игра во напад и обрана. Репрезентативеците се спремни физички, а психички ќе се засилиме по првите натпревари од мундијалот – заврши Шундовски.

Мх.П.