Селекторот на македонската ракометна репрезентација Ѕвонко Шундовски го објави поширокиот список од 28 ракометари за претстојниот натпревар против селекцијата на Естонија, кој ќе се игра во градот Полва (8 јуни), а во рамките на квалификациите за Европското првенство (ЕП) во Србија 2012 година.


Нови имиња во репрезентацијата се Петровски, Манасков, Мисовски, Тосковски, додека ги нема повредените Горан Ѓоргоновски, Лазо Мајнов, Златко Даскаловски.

На 12 јуни во Скопје ќе нé очекува и дуелот со БиХ. Победа против Естонија нé води на ЕП. Ако одиграме нерешено, тогаш ќе мора да славиме против БиХ. Во нашата А-група, прва е Унгарија (8), втора Естонија (4), трета Македонија (3), а последна БиХ (1 бод).

Ohridnews
фото “Дневник“