Во ремито против Русија македонската селекција покажа квалитет и пред се смиреност во играта, што го немаше во трите натпревари до сега на мундијалот. Мирната рака на крилниот ракометар Георгиевски донесе реми, а селекторот Шундовски е горд на сите ракометари.

– Што да се каже по ваков натпревар и излишно, тежок за гледање а уште потежок за играње. Демонстриравме фантастичен карактер и во ниеден момент не се предадовме. Сите ракометари дадоа максимум и заслужено стигнавме до бодот кој не остава во игра за третата позиција – потенцираше селекторот Шундовски.

Во последниот напад селекторот Шундовски сугерирал нападот да се заврши преку пикер или преку крило.

– Се договоривме акцијата да ја завршуваме преку крилата или пикерот. Лазаров несебично го проигра Георгевски, кој во манир голем стрелец мирно и сталожено ја смести топката во голот. Морам да истакнам дека многу сум горд на Георгиевски и му честитам за храброста и решителноста – заврши Шундовски.

Мх.П.