– Со катастрофален напад, надополнет со 19 грешки не може да се добие селекцијата како што е Исланд. Двата голмани беа на ниво на задачата. Тие помалку грешеа и заслужено се радуваа на победата – потенцираше селекторот Ѕвонко Шундовски.
Во четвртата рунда македонската селекција ќе се сретне со Русија. Пред четири години на мундијалот во Хрватска, “црвено жолтите“ триумфираа и го обезбедија пласманот во втората фаза.
– Ракометарите се исцрпени, одиграа три тешки натпревари. Јас како селектор верувам во нив и знам дека на мечот со Русија ќе одиграат со срце и ќе се борат до крај. Дали сето ова ќе биде доволно за триумф над Русија ќе видиме по мечот – заврши Шундовски.