Легендарниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер пред неколку денови соопшти дека прекинува со активното играње фудбал. Германецот, очигледно, не може без фудбал и веднаш договори ангажман во фудбалот. Популарниот „Басти“ ќе биде стручен консултант на телевизијата АРД во Германија.

  • Мојата фудбалска кариера заврши, но фудбалот и понатаму ќе значи во мојот живот. Улогата стручен консултант ме радува и ми дава можност од страна без многу тензија и притисок да ги анализирам и пратам натпреварите. Посебно ме инспирира приликата што ќе можам да бидам дел од два големи турнири какви што се Европското и Светското првенство и да скаутирам репрезентациите. На гледачите ќе се потрудам да им објаснам „што се крие“ во тактиките од тренерите или селекторите, ќе биде возбудливо ветувам. – изјави Швајнштајгер.

Поранешниот фудбалер на Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед со телевизијата потпиша четиригодишен договор, кој ќе започне од следното лето кога на програмата е Европското првенство. Швајнштајгер во клупската кариера ги освои сите титули со „баварците“ а успешна авантура имаше и во Манчестер Јунајтед. Со него како капитен, селекцијата на Германија триумфираше на Мундијалот во Бразил и затоа сите со нетрпение ја очекуваат емисијата во која сигурно ќе открие дел од тактиките од врвните тренери со кои соработувал.

OhridNews