Владата на Швајцарија, која е еден од најголемите донатори за заштита на Охридското Езеро и натаму ќе ги поддржува проектите за зачувување на најголемото природно богатство на Македонија. Ова, како што информираат од Локалната самоуправа, било истакнато на средбата помеѓу градоначалникот Александар Петрески со амбасадорите на Швајцарија во Македонија, Босна и Херцеговина и Косово, што вчера се одержа во Охрид.

Притоа градоначалникот Петрески се заблагодарил за досегашната помош на швајцарската влада за заштита на Охридското Езеро и изразил надеж дека нивната Агенција за соработка и развој ќе се вклучи и во решавањето на актуелните проблеми со функционирањето на колекторскиот систем. Петрески, како што се наведува во информацијата, од швајцарскиот амбасадор во Македонија побарал да лобира кај македонската влада и таа да се вклучи во одржувањето на колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро.

Гостите од Швајцарија ги посетија  канцелариите на охридските пратеници кои беа адаптирани со швајцарски грант и две пумпни станици од колекторскиот систем кои беа реконструирани со помош на Владата на Швајцарија.

OhridNews