Топ фаворитите Шведска и Чешка кои завршија на првите места во своите групи се единствените непоразени селекции по завршувањето на групната фаза. Македонија која претпре четири порази во групата ќе разигрува во плеј аутот за пласман од 9 до 11 место.
Шведска без поголеми проблеми стигна до првото место во целост оправдувајќи ја фаворитската улога. – Доста разговаравме за притисокот кој го носи фаворитската улога и во целост ја прифативме таа одговорност. Ја знаеме нашата сила, и секогаш гледаме да се фокусираме на нашата игра и да не размислуваме за нашите противници. – вели шведскиот селектор Фредерик Јоуламо.
Победата во последната рунда против Грција за Чешката селекција значеше прво место и избегнување на дуел со Шведска се до финалето.
– Задоволни сме го освоивме првото место и во ¼ финалето ќе играме со Бугарија, првата позиција е исто така добар психолошкиот момент на екипата. За нас најважно е да се пласирме во финалето од шампионатот, бидејќи двата финалисти обезбедуваат пласман во А дивизијата. Нормално дека посакуваме да победиме, но за нас најважно е да обезбедиме пласман во најсилната кошаркарска дивизија, По малку сме уморни и добро ке ни дојде овај ден одмор за моите играчи релаксирано да влезат во завршните мечеви, морам да кажам дека и овај систем е доста напорен за играње, но што е тука е – рече по триумфот над Грција селекторот Марсела Крамер.
1/4 финале (двојки)
12.00 Австрија – Македонија (плеј аут) 14.15 Португалија – Израел 16.00 Грција – Унгарија 18.45 Белгија – Шведска 21.00 Чешка – Бугарија
Давид Матески се врати во редовите на ГФК Охрид на кој денеска му се придружи младиот Давор Росиќ 19-годишниот младински репрезентативец Матески доаѓа од екипата на Силекс како позајмен играч Тој и...
Почна онлајн продажбата на билети за натпреварот на Градскиот ракометен клуб Охрид од 1/8 финалето на ЕХФ Европскиот Куп со Дукла Прага од Чешка Првиот натпревар се игра во салата „Билјанини Извори...
Во првото коло од плеј-оф фазата тимот на ГКК Охрид ќе се соочи со екипата на КК Соколи – Штип, во меч кој носи огромно значење во борбата за место во елитата Секој поен, секоја одбрана и секоја се...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.