Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот согласно програмските активности во 2014 година за развој на винскиот туризам во Македонија, во месец ноември организираше Инфо тура за сомелиери, блогери и угостители од Шведска. Гостите ја посетиле Македонија по покана на амбасадорот на Република Македонија во Шведска, Александра Накева Ружин.

-Гостите од Шведска беа во посета и туристички разглед на Скопје, Кањон Матка, а посетија и повеќе винарии во Скопје и Кавадарци. Остварија бизнис средби со менаџерите на македонските винарии. Од тридневната посета на Македонија беа воодушевени од гостопримливоста и специјалитетите од традиционалната македонска кујна, информираат од АППТ.

Групата сомелиери ја сочинувале Torsten Rundqvist член на асоцијација за дегустација на вина во Шведска, шведскиот вински блогер Magnus Reuterdahl, угостителскиот професионалец Pontus Lindqvist и Erin Stockton кој работи како ресторански менаџер и сомелиер во Стокхолм.

OhridNews