Македонија веќе го освои Олимиското место, но на трибините. Шведските
медиуми ги повикуваат домашните фанови да дојдат и да го исполнат
“Скандинавиум“ да не им се случи да играат како гости, бидејќи според
најавите во медиумуите најголемиот дел од фановите ќе бидат во “црвено-жолта“ боја.

– Ги повикува швеѓаните да дојдат во Гетеборг и да ја бодрат Шведска –
вели генералниот менаџер Стефан Логврен, кој стравува дека швеѓаните ќе
бидат малцинство на трибините.

– Само вчера продадовме 1400 билети за македонскиот сектор. Вкупно тие ќе бидат околу 4000 илјади – вели Франк Пауер,еден од менаџерите во организација на квалификацискиот турнир.

Капацитетот на салата изнесува максимум до 8 илајди гледачи што значи
дека Македонците ќе доминираат, дури и на мечот со домаќинот Шведска, на
кој до израз се очекува да дојде “фалангата“.

– Добра вест е дека атмосферата ќе биде одлична. Тие одлично ја
подржуваа својата репрезентација за време  на европскиот шампионат во
Србија, без притоа да ги навредуваат своите противници
– истакна Ловгрен.

Големото присуство на македонски навивачи бара зголемена безбедносни мерки, а според Пауер превземени
биле сите потреби чекори престојот во Шведска да мине без посериозни проблеми.

М.П.