Околу два метра просторни буково дрво пронајдоа полициските службеници сокриени под бали сено во товарно моторно возило марка „Застава“ со охридски регистарски таблици.
53-годишен охриѓанец кој го управувал товарното возилото вршел нелегален транспорт на огревното дрво односно за истото не поседувал соодветна документација. Тој над буковото дрво кое го натоварил во возилото, ставил повеќе бали сено и се обидел така сокриено и без документи нелегално да го транспортира. Дрвата и товарното возило се одземени и со записник предени на шумската полиција.-соопшти полицијата.
Сообраќајната полиција го сопрела товарното возило вчера после пладне на булеварот „Железничка“ при контрола на сообраќајот и преземање мерки во акцијата „Гора“.
Во рамки на акцијата „Гора“, СВР Охрид поднесе повеќе кривични пријави за нелегална сеча, транспорт и продажба на огревно дрво во Охрид, Струга, Кичево и Дебар, а кривични пријави заработија и одговорни лица и државни службеници. Во акцијата запленета е поголема количина огревно дрво
OhridNews