При контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски ознаки, пријавено за влез во државата на граничниот премин Ќафасан, биле откриени непријавени 21 кг свежа пастрмка.
Рибата била пронајдена во три најлонски кеси, сместени под задното и пред совозачкото седиште на возилото.
Непријавената стока е привремено задржана, а против прекршителот, македонски државјанин, поднесено се барања за поведување прекршочна постапка, соопшти Царинската управа.