Ова, како што пренесува „Макфакс“, го изјави јавниот обвинител, Љупчо Шврговски откако Владата донесе одлука за покренување на нова истрага за авионската несреќа во Мостар, во која загина претседателот Борис Трајковски.
„Апсолутно може да се смени. Јас ви реков во неколку наврати, одлуката не е конечна, не е трајна и доколку се појават нови докази кои укажуваат на една сосема друга причина за падот на авинот ние сигурно дека ќе го процесуираме предметот. Но ние до овој момент такви докази немаме“, вели Шврговски.
Според одлуката на Обвинителството, „кингерот“ со кој патувал Трајковски се урнал поради грешка на пилотите. Новиот извештај којшто го подготвија воздухопловни експерти сé уште не бил доставеn до Jавнотo обвинителство. Кога Oбвинителството ќе го прими извештајот ќе ангажира двајца или тројца обвинители кои ќе треба да го изанализираат извештајот и откако ќе реферираат, Oбвинителството ќе излезе со конечен став за новиот извештај.
Обвинителот кој работеше на овој предмет нема да биде вклучена и сега бидејќи моментално е во Вишото јавно обвинителство.
„Меѓутоа додека не ги изанализираме сите докази и факти коишто претпоставувам се содржани во новиот извештај, не можеме ништо да кажеме“, вели Шврговски.
За Шврговски ова не е никаков тест за него, со оглед на тоа дека неговиот мандат е при крај.
„Дали мандатот ми е при крај, нема никаква допирна точка со ова што вие го неметнавте како прашање“, коментира тој.
Европратеникот Андреас Грос од Швајцарија, кој пред неколку години бараше повторна истрага и ги подгреа сомневањата дека не се работи за несреќа, сега нема да биде повикан во Јавното обвинителство, бидејќи како што заклучи Владата, извештајот ќе му биде доставен и нему.
„Андреас Грос не достави формален извештај, беше на една средба во Јавното обвинителство кај мене и притоа изнесе само низа претпоставки во смисла на тоа дека се работи за заговор и дека тоа било причината зошто авионот паднал. Јас на тоа му реков дека ние само на вербални изнесувања претпоставки, што е причина за падот на авионот не можеме да коментираме, затоа што до овој момент имаме докази коишто укажуваат на тоа дека за падот на авионот се виновни пилотите“. вели Шврговски.
Обвинителството до овој момент не контактирало со своите босански колеги, бидејќи била формирана анкетна комисија од Собранието, која според упатствата од Советот на Европа требаше да ги истражи дополнителните сомневања околу причините за падот на авионот.
Околу отфрлањето на посебниот извештај за падот на „кингерот“ којшто го изработи Министерството за внатрешни работи, Шврговски вели дека во него немало докази врз основа на коишто би можеле да започнат нова истрага.
„Веруваме само на документи, веруваме само на транскриптите од ’црната кутија’, веруваме на она што експерите по авиосообраќај ни го имаат доставено, и затоа имаме таква одлука како што до овој момент егзистира“, вели Шврговски.
Владата на седницата од вторникот доцна навечер донесе заклучок Извештајот за несреќата во која загина претседателот Борис Трајковски, неговата делегација и пилотите, со сите нови докази и факти да се достави до Јавното обвинителство и до Дирекцијата за цивилна воздушна пловидба на Босна и Херцеговина, со барање за повторно отворање на истрагата од страна на земјата што ја водела истрагата.
Извештајот за истрагата за несреќата ќе се достави и до Комитетот за правни прашања и човекови права при Европскиот парламент, до Советот на Европа, како и до Андреас Грос, евро-пратеник од Швајцарија, кој е автор на Информацијата за спроведената истрага заради разјаснување на наводно сомнителната смрт на поранешниот претседате.
Воздухопловни експерти извештајот го подготвувале три години и откриле спорни моменти кои не биле земени предвид во претходните истраги.
Сега Јавното обвинителство треба да одлучи дали со новиот извештај може да се отвори нова истрага за авионската несреќа којашто се случи пред осум години во близина на Мостар.
извор:„Макфакс“