Првата виолина на селекцијата Исланд, Валур Сигурдсон репрезентацијата на Македонија ја гледа како квалитетен противник, но не и непобедлив. По два одиграни натпревари селекцијата на Исланд има една победа и еден пораз, затоа Македонија е вистинската шанса за “рибарите“.



– Натпреварот против Македонија е од исклучително значење за нас бијдеќи не смее да си дозволиме нов пораз кој ќе ни даде потежок противник во 1/8 финалето. Шансите за победа се подеднакви, ние имаме наши квалитети, а македонците го имаат Лазаров –
потенцираше Сигурдсон.

Натпреварот помеѓу Македонија и Исланд во третата рунда од мундијалот е закажан во 18:00 часот.

Мх.П.