Продолжува победничката низа на охридските ракометари кои во мечот од десеттата рунда ја совладаа екипата на Лазарови со 38-30 (17-15).


Натпреварот кој се одигра без публика поради суспензијата на охридскиот тим беше одлучен на стартот на вториот дел кога беше скршен гостинскиот отпор.

Триумфот кој е шести во низа за охридските ракометари ги остави во трка за втората позиција на прволигашката табела.

Најпрецизен во охридскиот состав беше Томоски со 9 погодоци, осум постигна Андоноски, додека по шест постигнаа Трифуноски и Николоски. Најпрецизен на теренот беше ракометарот на Лазарови, Соколов во 12 постигнати гола.

Во наредното 11 коло , охриѓани гостуваат кај лидерот во прволигашката конкуренција Текстилец кој се уште нема пораз во лигата.

М.П.