Македонската кошаркарска репрезентација ја совлада Швајцарија со 83-68 за втор триумф во борбата за пласман во квалификациите за Евробаскетот 2021 година.

„Црвено жолтите“ успешниот почеток на претквалификациите го заокружија со триумф во Скопје против швајцарците, откако во првата рунда славеа во Словачка.

Избраниците на Јорданчо Давитков своето вистинско лице го покажаа во второто полувреме кое го добија со двоцифрена разлика 45-33. Во првиот дел нашите кошаркари имаа водство од два поени (38-36), а швајцарците пружија силен отпор и покажаа дека не се наивен противник.

Повторно водечки стрелец беше Ричард Хендрикс кој постигна 16 поени, а додаде и 9 скокови. Организараторот на игра Стајиќ и Ѓуроски реализираа по 11 кошеви, а Дамјан Стојаноски финишираше со 10.

Следниот меч во претквалификациите Македонија го игра на домашен терен против Словачка во февруари, а ги завршува на гостински терен кај Швајцарија.

Фото: Гол.мк
OhridNews