Охриѓанецот Антонио Каланоски професионалната фудбалска кариера ќе ја продолжи во Силекс потпишувајќи едногодишен договор со клубот од Кратово.


Каланоски минатата сезона беше најдобар фудбалер на Младост Царец Двор кој во дебитанската сезона не успеа да обезбеди опстанок иако клубот многу добро ја почна сезоната.

Офанзивниот фудбалер ќе биде големо засилување за кратовчани кои ќе ја преставуваат Македонија во Лигата на Европа заедно со Работнички и Шкендија.


Каланоски за Ohrid News рече дека е задоволен од договорот и сто проценти подготвен за предизвиците кои доаѓаат.

OhridNews