Во ведра атмосфера, надополнета со пријатните климатски услови Силекс во Охрид се спрема за вториот дел од шампионатот во Првата македонска фудбалска лига. Несвојствено за екипата од Кратово, по првата етапа се наоѓа во долниот дел од табелата и во пролетната полусезона ги очекува непоштедлива борба за опстанок во елитата. 

– Се префрливме во Охри каде ќе се задржиме три недели. Тука имаме полни раце работа бијдеќи во првата полусезона потфрливме на резултатски план. Ќе одработиме силни подготовки, по два тренинзи дневно надополнети со пријателски натпревари од следната недела – истакна тренерот на кратовчани Небошја Петровиќ.

Кратовчани неколку години наназад го одбираат Охрид за последна станица пред стартот на пролетниот дел од шампионатот.

– Условите во Охрид се прекрасни, има добри терени, а времето секогаш е на нашата страна. Имавме повеќе опции за подготовките но пак одлуката падна за Охрид. По слабата полусезона фудбалерите имаат мотив до небо да ја поправат сликата и да покажат дека ние не припаѓаме на тој дел од табелата – заврши Петровиќ. 

Петкратниот првак Вардар и Силекс се единствени екипи во македонскиот шампионат кои од самостојноста на Македонија се немаат преселено во понизок ранг.

Мх.П.