По четиринаесет дневните подготовки Силекс го напушта најголемиот туристички центар во Македонија, Охрид. Кратовчани во втората полусезона пред себе имаат вистински предизвик да обезбедат опстанок и да ја продолжат низата од констатност во елитното фудбалско друштво.


    Им заблагодарувам на сите охриѓани кои топло и срдечно не примија и направија да се чувствуваме како дома. Подготовките во Охрид ги одработивме најдобро што можевме ја поминавме онаа најтешка фаза без повреди и без некои посериозни проблеми – истакна тренерот на Силекс, Небошја Петровиќ.


Силекс во Охрид одигра четири контролни натпревари забележувајќи три победи над Корзо, 11 Октомври и Напредок и едно реми без голови со српската БСК Борча.


    Сите фудбалери добија прилика за докажување на овие четири натпревари, а ако се суди по овие резултати не очекува возбудлива полусезона.  Сепак ние тоа што го работевме во Охрид  треба да го пресликаме на терените во Првата македонска фудбалска лига – заврши српскиот стратег, Петровиќ.

Силекс заедно со Тетекс се наоѓат на местата кои водат еден ранг понизок, а кратовчани пролетниот дел од сезоната ја почнуваат против Дрита на домашен терен.

Мх.П.