Силен тајфун, за кој се смета дека е досега најсилен во последниве 25 години, ја погоди Јапонија. Тајфунот предизвика големи проблеми во сообраќајот. Невремето е проследено со многу силни ветерови кои достигнуваат речиси 220 километри на час.

Тајфунот со себе донесе и силни дождови, кои предизвикаа поплави на меѓународниот аеродром, додека силните ветрови успеале да помрднат огромен танкер кој буквално се забил во мост.

Премиерот Шинзо Абе ги откажа своите работни планови, тој требаше да замине на пат, меѓутоа патувањето беше откажано, а во меѓувреме беше свикан кризниот штаб каде беше побарано од надлежните да се преземат сите неопходни мерки за заштита на населението.

Авиокомпаниите досега откажаа повеќе од 650 летови, а многу железнички линии се прекинати.

Големите трговски центри во областа Осака одлучија да останат затворени.