Охридскиот ракометен клуб добива силен ветер во грбот откако Општината Охрид заедно со спонзорите двојно го зголемија буџетот за следната сезона.

Суперлигашот веќе задржа поголем дел од играчите кои го носеа товарот минатата сезона, а договорот го продолжи и тренерот Горан Андоновски.
За сега охридскиот тим го засили чуварот на мрежата Колев кој дојде од Зомимак, а се очекува уште три-четири ракометари да им се придружат на „гладијаторите“.
Ohridnews











