Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтер попладнево ги погоди грчките острови и дел од копното на Турција во Егејското Море.

Силен земјотрес во Егејско Море

Според првичните извештаи на тамошните медиуми, епицентарот на земјотресот бил 17 километри во морето западно од регионот Измир во Турција. CNN јавува дека земјотресот се почувствувал до Истанбул во Турција и Атина во Грција.


Од Измир пристигнуваат снимки и фотографии со реазрушени згради и поплава во крајбрежните населби.

Светските агенции засега јавуваат за 14 загинати и најмалку 400 повредени, како и дека има луѓе заглавени под урнатините.

На социјалните мрежи непосредно по земјотресот се појави снимка како станбена зграда во Турција целосно се урива од силината на потресот.

Г.М.