Силен земјотрес вечерва во 22:43 часот е почувствуван во регионот. Според првичните неофицијални информации, епицентарот на земјотресот е 5 километри северозападно од Лерин, Грција.

Светските сеизмолошки опсерватории и мрежи првично објавија дека земјотресот е со јачина од 5,3 степени според Рихтер, за веднаш потоа јачината да биде корегирана на 5,8, а потоа на 5,5 степени.

Земјотресот со силен интензитет беше почувствуван во Охрид и околните градови, како и во Скопје. Покрај во Македонија и Грција земјотресот е почувствуван и во Албанија.

Засега нема информации за евентуални штети и последици од силниот земјотрес во епицентралното подрачје.

Г.М.