Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтер во 18:38 часот е регистриран на 33 километри од Лариса,  во областа Тесалија, централна Грција. Со помал интензитет земјотресот беше почувствуван и во Охрид.

Ова е втор по јачина од серијата земјотреси што го зафати овој регион во Грција. Најсилниот, кој исто така беше почувствуван во Охридскиот регион, беше со јачина од 6,3 степени по Рихтер.

Г.М.