Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтерова скала го погоди изутринава источниот дел на Таџикистан, при што загинаа најмалку пет лица, соопштија властите, пренесува „Миа“.

Десетици куќи се уништени. Електричните проводници исто така биле делумно оштетени во три села во областа Таџикабад, каде што живееле сите жртви, соопшти Комитетот за вонредни ситуации на Таџикистан.
Таџикистанскиот претседател Емомали Рахмон наложи формирање истражна комисија предводена од премиерот, пренесоа руските медиуми.
Туркменистан, кој се граничи со Авганистан, честопати е погоден од земјотреси.
OhridNews











