Земјотрес со јачина од 4,6 степени синоќа околу 20.45 го потресе тлото во јужниот дел на Албанија. Според албанскиот сеизмолошки завод, земјотресот најмногу бил почувствуван во градот Валона, а епицентарот бил во близина на местото Орикум, на 23 километри од Валона.

Албанските медиуми информираат дека жителите на Валона ноќта ја минале под отворено небо, а десетина куќи во периферијата на градот, како и во неколку селски населби, имаат оштетувања. Засега нема информации за жртви. Земјотресот бил почуствуван и во други градови во Албанија како што се Фиер и Тепелена.

OhridNews
Макфакс