Граѓани вчера во Скопје спонтано се собраа пред куќата на лицето што со секира го уби кучето Идриз, ,окален миленик за кој се грижеле жителите на маалата.

„Грозоморното злосторство не смееме да дозволиме да помине без максимална казна за свирепиот убиец.“ рекое учесниците на протестот.

Граѓаните оставаа пораки на местото каде што беше брутално убиен Идриз, а и ја нацртаа неговата контура пред домот на монструмот.

„Злоупотребата и дивјачкото убивање на животните се сериозни сигнали за закана по општата безбедност на граѓаните. Таквите лица не смее да се шетаат на слобода. Тие денес може да убијат куче, но утре може да убијат и човек.“- истакнаа учесниците на мирниот протест.

OhridNews