Силно невреме проследено со пороен дожд, град и силен ветер го погоди во попладнево Скопје.

Од налетите на ветерот искршени се дрвја, а забележливи се и поплавувања на повеќе подвозници низ Скопје.

Новата снимка на американската вселенска агенција НАСА открива како изгледаше небото над Македонија снимено од вселената во моментот на олујното невреме.

„Макфакс“

фото: „Курир“