Краткотрајно, но силно невреме попладнево го зафати Скопје. Како што јавува тв „Телма“, силниот ветер урнал некокку дрвја во центарот на градот кои го блокирале сообраќајот, а оштетени се и возила, фасади и покриви на згради и куќи во централното подрачје. Управата за хидрометеоролошки работи информираше дека краткотрајниот ветар достигнал брзина до 70 километри на час, а од силни врнежи на дожд и град со јак ветер  биле погодени и други градови во македонија.

Само среќа спаси дел од семејството Дамјановски во центарот на Скопје, да не настрада, откако под удар на силниот ветар врз покривот од куќата паднало дрво. Една соба од куќата на приземјето е целосно разурната. Урнати се неколку ѕидови и тавани од куќата која се наоќа во непосредна близина на средното училиште Паде Јовчевски Корчагин, пренесува „Телма“.

OhridNews
извор:„Телма“