Со мисла од големиот Цицерон дека „Еден дом без книги е како тело без душа“, најчитателката во возрасна категорија избрана од страна на охридската Библиотека за 2022 година, Силвија Крстевска која има прочитано според податоците на Библиотеката 91 книга упати апел до младите да читаат.
Читањето е отворен прозорец кон светот и апелирам младите да читаат. Љубовта кон читањето се роди уште од мали нозе и истата ја пренесувам на помладите генерации, моите деца кои читаат. Би апелира младите да читаат, помалку да поминуваат време на интернет. Интелегенцијата се гради со читањето. Од литературата читам и роднокрајна, странска, трилери, секаков вид романи. Затоа и апелирам кој каква литература сака нека чита, само да се чита, вели Крстевска.
По повод 23-ти Април, ден подоцна охридската Библиотека се обидуваме преку една посебна свеченост да им возвратиме на нашите сограѓани за својатат редовност, почитување кон Библиотеката, стилот на доаѓање и позајмување на белетристика и сета стручна литература која ја поседуваме, вели директорот на Установата, Милчо Јованоски.
Годинава веќе почнавме со набавката на новиот контингент на книги. Токму деновиве завршува првата нарачка, што значи дека луѓето ќе имаа и нешто ново на почеток на оваа година преку проект од Министерството на министерството за култура за чија намена имаме околу 450 илјади денари во текот на оваа календарска недела за купување на белетристика и стручна литература, Јованоски.
Контунуирано неколку години нананзад, вели Јованоски, вршиме избор на најчитатели во двете категории деца и возрасни.
Во детското одделение според колегите кои работат дирекно на издавање Бисера Ангелоска со прочитани 44 книги е најчитател кај децата од основните и средни училишта за 2022 година. Анастас Секулоски е втор со 34 прочитани книги и Бисера Радеска со 18. Кај возрасните Силвија Крстевска со 91 прочитана книга, Ѓурѓица Данеска со 86 прочитани книги и Јорданка Митаноска со 69, информира Јованоски.

Имаме и завидна бројка на луѓе кои читаат и во континуитет нашето членство се зголемува од месец во месец. Не е само чиста фолискула дека „Книгата е најдобриот пријател на човекот“ туку во овие тешки времиња кога сакаме да се тргнеме од секојдневието, најверојатно може малку да си даде оддишка читајќи нешто што го привлекува, додаде Јованоски.
На настанот беше прочитана и македонската порака која по повод Светскиот ден на книгата и авторското право ја напиша проф. д-р Ана Стојаноска, како и светската порака од г-ѓа Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО. На 30-тина наши сограѓани им беа доделени благодарници и книги во знак на тоа што биле хумани и донирале сопствени книги.
Најчитани наслови од македонската литература за возрасни се „Не одам никаде“ од Бужаровска Румена, „Тунел“ од Петре М. Андреевски, „Луна“ од Винка Саздова, „Девојчето со седа коса“ од Елмазовска Магдалена и „Резервен живот“ од Лидија Димковска.
Најчитани наслови од македонската литература за деца се „Дај шанса на детето“ од Викторија Бадаревска, „Возила за помош и спасување“ од Даниела Божиновска, „Деби му го разбуди бувчето“ од Жаклина Мучева, „Белото чиганче“ од Видео Подгорец и „Големи и мали“ од Бошко Смаќоски.
Н.С.Ј.














